Нејмар подготвен да игра со Монако

Од:

Напаѓачот на ПСЖ Нејмар целосно закрепна од повредата и ќе се врати на теренот во натпреварот од 33. коло од француското првенство против Монако.

Бразилецот му рекол на тренерот Томас Тукел дека има желба да учествува на натпреварот со тимот од Кнежевството.

Сепак, Нејмар прво треба да добие дозвола од клупскиот лекар и ако тој даде зелено светло ѕвездата на Пари Сен-Жермен в недела ќа се појави на теренот.

Дваесет и седумгодишниот Нејмар доби фрактура на стапалото на натпреварот од францускиот куп со Стразбур, кој се играше на 23 јануари.

Во тековната сезона, Нејмар настапи на 23 натпревари за ПСЖ, постигна 20 гола и забележа 11 асистенции.

Би можело да ве интересира

Фалкао лут на раководството на Монако

Ана Ололовска

Мурињо може да застане на чело на ПСЖ

ПСЖ одби да го размени Нејмар за Навас, Родригез и Бејл

Ана Ололовска

Лил заинтересиран за Ренато Санчез

Ана Ололовска

„Марка“: Реал нуди 165 милиони евра плус Хамес за Нејмар

Монако подготвен да плати 65 милиони евра за Икарди

Ана Ололовска