Најдобриот бразилски фудбалер и член на Барселона Нејмар почна со тренинзи, првпат по повреда на грбот добиена на Светското првенство минатиот месец.
Нејмар ги помина сите лекарски прегледи, но ќе работи одвоено од остатокот од тимот.
Бразилецот беше повреден од страна на Колумбиецот Хуан Ѕунига во четвртфиналето од Мундијалот во Бразил.
Медицинскиот тим на Барселона најави дека ќе продолжи детално и внимателно да го следи закрепнувањето на Нејмар.
Барселона на 24 овој месец против Елче на домашен терен ја почнува новата сезона во Примера Дивизија.