Нејмар може да добие казна од 3 натпревари, иако не играше против Јунајтед

Од:

УЕФА може да преземе дисциплински мерки против ѕвездата на Париз Сен Жермен, Нејмар. Причината се зборовите на фудбалерот упатени кон судијата на реванш-дуелот од осминафиналето на Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед.

Бразилскиот репрезентативец може да добие казна од цели три средби, иако дури и не зеде учество во овој дуел. Напаѓачот беше повреден и го проследи несреќниот за неговиот тим натпревар од трибините.

ПСЖ сензационално беше елиминиран по 1:3 во вториот дуел по подоцнежен пенал, исполнет од Маркус Рашфорд.

– Ова е срамно. Се потпираме на четворица луѓе, кои не се разбираат од фудбал, да гледаат на забавено повторување пред телевизорот. Нема ништо. Каде тој (Кимпембе) да ги ставе рацете, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Неговата изјава може да биде проблем, бидејќи ги прекршува правилата на УЕФА. Во Член 11 од дисциплинскиот правилник на УЕФА се наведува дека ако „однесувањето на играч е навредливо или на друг начин ги крши основните правила за достојно однесување, може да бидат преземени дисциплински мерки против него“.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат

Чеферин: Не сум сигурен дека Реал и Барселона знаат што прават, фудбалот не се продава