Нејмар ги смири навивачите на ПСЖ: Останувам во Париз

Од:

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Нејмар, потврди дека ќе остане во Пари Сен-Жермен сезоната 2020/21. Бразилецот има намера да ја освои Лигата на шампионите со парискиот клуб.

– Следната сезона ќе останам во ПСЖ. Со амбиции да се вратиме во финалето на Лигата на шампионите и овој пат да го освоиме, го цитира Нејмар прес-службата на клубот.

Ми се допаѓа идејата да направам сè за моето име да биде запишано во историјата на клубот. Ако луѓето се сомневаа дека ПСЖ е голем европски клуб, тогаш во Лисабон тие сомнежи умреа. Го напуштивме овој град со доверба во нашата можност да го добиеме финалето еден ден, додаде Нејмар.

ПСЖ на 23 август, во своето прво финале во Лигата на шампионите загуби од Баерн со 1:0.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ