Промената на приоритетите во компанијата „Алфа Ромео“ го доведе во прашање развојот на наследниот на актуелната „Џулиета“, но многу фанови на италијанскиот бренд сакаат да ја видат на патиштата новата генерација на овој компактен хечбек.
Во разговор за магазинот „Автокар“, на саемот на автомобили во Женева, шефот на „Алфа Ромео“, Реид Бигланд, кажа дека компанијата во моментов е повеќе фокусирана на глобалната продажба на своите автомобили отколку на европските пазари, а познато е дека моделите „Џулиета“ и „МиТо“ се наменети, пред се, за купувачите во Европа.
Бидејќи носители на „глобалната офанзива“ на „Алфа Ромео“ се новата „Џулиета“ и СУВ моделот „Стелвио“, останува непознато како во оваа компанија ќе се изјанси кон евентуалните наследници на споменатите два хечбека. За моделот „МиТо“ и порано се шпекулираше дека нема да добие наследник, додека новата „Џулиета“ едно време се споменуваше во плановите на компнаијата.
Актулената „Џулиета“ се појави сега веќе во далечната 2009 година. Според денешните мерила, кога новата генерација модели се лансираат на секои шест-седум години, се смета дека е веќе предолго на пазарот и дека се наближува крајот на нејзиниот животен век.
Во случај во „Алфа Ромео“ да се предомислат и, сепак, да се определат за нова „Џулиета“, може да го искористат стилскиот јазик што е применет врз најновите модели на овој производител. На тој начин ќе се добие една сосема нова современа „Џулиета“, со динамични линии што може да изгледа како автомобил со неофицијален рендер, а чиј дизајн го потпиша Х-Томи Десингн.
За ефектниот изглед на автомобилот придонесува и изборот на боја на надворешноста, но и спортски пакет „Quadrifoglio“.