Неизвесен натпреварот Жалгирис-Милано поради коронавирусот

Од:

Натпреварот меѓу Жалгирис и Милано што е закажан за петок од 19 часот во рамки на 26-то коло во Евролигата може да биде одложен. Дел од медиумите дури тврдат дека кошарка во вториот по голема град во Литванија оваа недела ќе нема, само се чека на официјална потврда.

Предлогот за одложување дојде од литванскиот министер за здравство, Аурелиус Верига кој изрази загриженост од појава на заразата која се појави во Кина и се прошири низ цел свет.

Конечна одлука за кошаркарскиот натпревар ќе даде Комисија за вонредни состојби, а проценка на ситуацијата се очекува и од Евролигата. Двете екипи, пак, изразија подготвеност да играат.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ