НБА објави 25 од 75 најдобри кошаркари во историјата

Од:

НБА лигата низ текот на целата сезона 2021/22 со низа свечености ќе ја одбележи 75. годишнината од своето постоење, а во рамки на тоа ќе биде објавена и листа со 75 најголеми кошаркарски имиња во историјата на најсилното кошаркарско првенство во светот.

Најдобрите 75 играчи во историјата на НБА лигата се избрани од сегашни и поранешни кошаркари, тренери, генерални менаџари, новинари …

Имињата на првите 25 играчи беа објавени во вторникот вечер, следните 25 ќе бидат објавени вечерва, а преостанатите 25 ќе бидат познати в четврток вечер.

На листата со првите 25 кошаркари се Карим Абдул – Џабар, Јанис Антетокунмпо, Нејт Арчибалд, Чарлс Баркли, Боб Куси, Дејв Ковенс, Кевин Дуран, Џулиус Ирвинг, Џорџ Гервин, Хал Грир, Џејмс Харден, Елвис Хејс, Џери Лукас, Мојсие Малон, Кен Мекхел, Џорџ Микан, Стив Неш, Дирк Новицки, Хаким Олајџувон, Боб Пети, Оскар Робертсон, Вилис Рид, Дејвид Робинсон, Бил Расел и Џон Стоктон.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа