НБА ѕвездите ја растурија Шпанија

Од:

Кошаркарската репрезентација на САД со убедлива победа од 100:78 синоќа во Барселона против домашната Шпанија, ги заврши подготовките за настапот на Олимписките игри каде важи за најголем фаворит за првото место.

Најефикасен играч во победничката репрезентација беше Кармело Ентони со 27 постигнати поени, а неговиот репрезентативен колега Леброн Џејмс реализира 25. Двоцифрен број поени имаше и Кевин Дјурант – 13.

Во поразената селекција По Гасол даде 19 поени, а Ибака имаше учинок од 16 коша. Третиот Шпанец со двоцифрен ефект беше Наваро кој даде 11 поени.

Натпреварот се одигра во арената „Сент Жорди“ пред повеќе од 16 илјади гледачи.

За САД ова беше петта победа во исто толку подготвителни натпревари пред почетокот на ОИ. „Дрим-тимот“ во изминатиов период освен Шпанија ги победи и Доминиканска Република, Бразил, Велика Британија и Аргентина.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ