На вториот ден од новата сезона во НБА лигата одиграни се 12 натпревари од кои девет им припаднаа на домашните екипи.
Шарлот по продолжени го совлада Милвоки, Чикаго беше убедлив на гостувањето во Њујорк исто како и Портланд на домашен терен со Оклахома.
Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска: Шарлот – Милвоки 108:106, Индијана – Филаделфија 103:91, Бостон – Бруклин 121:105, Мајами – Вашингтон 107:95, Торонто – Атланта 109:102, Мемфис – Минесота 105:101, Њујорк – Чикаго 80:104, Денвер – Детроит 89:79, Јута – Хјустон 93:104, Феникс – ЛА Лејкерс 119:99, Сакарамено – Голден Стејт 77:95 и Портланд – Оклахома 106:89.
Вечер на програмата се пет натпревари. Двојките се: Орландо – Вашингтон, Минесота – Детроит, Кливленд – Њујорк, Далас – Јута и ЛА Клиперс – Оклахома.