НБА: Деветта плејоф победа во серија на Феникс

Од:

Кошаркарите на Феникс триумфираа над Лос Анџелес клиперс во драматична завршница синоќа на домашен терен со 104:103 во вториот натпревар од финалето во Западната конференција во НБА лигата.

Феникс сега води со 2:0 во серијата до четири победи и е на половина пат да дојде до своето прво НБА финале од 1993 година.

Двете екипи се менуваа во водство во завршните минути, а победата на домашните кошаркари им ја донесе Деандре Ајтон на седум десеттинки пред крајот на натпреварот.

Камерон Пејн беше најефикасен во редовите на Феникс со 29 поени, а Ајтон додаде 24 кошеви и 14 скокови.

За Феникс ова беше деветта последователна победа во разигрувањето за титулата во НБА лигата.

Третиот натпревар се игра в четврток во Лос Анџелес.

Би можело да ве интересира

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Лејкерси го „прегазија“ ривалот, тргнаа по титулата

Предраг Петровиќ