Навивачите се враќаат на трибините во Премиер лигата, но ќе мора да бидат тивки

Од:

Навивачите во Премиер лигата, по речиси десетмесечна пауза, викендов конечно ќе се вратат на фудбалските стадиони, во намален број и со стриктно почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Дозвола од Премиер лигата да ги отворат вратите на своите стадиони за ограничен број на навивачи, до максимум 2.000, добија десет премиерлигаши.

Согласно рестриктивниот протокол, навивачите ќе мораат да носат заштитна маска на лицето, да одржуваат социјална оддалеченост на трибините и да се воздржат од гласно скандирање и пеење навивачки песни.

Првиот натпревар во Премиерлигата, кој за првпат од март годинава ќе се игра во присуство на публика, ќе биде мечот во Лондон меѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед, во сабота од 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ