Пред одигрувањето на мечот од Лигата на шампионите меѓу Наполи и Манчестер Сити, навивачи на италијанскиот клуб нападнале и повредиле неколкумина гостински фанови.
Инцидентот се случил во еден ресторан во кој неколкумина симпатизери на „граѓаните“ мирно вечерале. Откако биле забележани од хулигани на домашниот тим, тие влегле во ресторанот и почнале да ги напаѓаат, прво вербално, а потоа и физички.
Резултат на пресметката се тројца повредени навивачи на Манчестер Сити, од кои едниот со неколку напукнати ребра. Сепак, најдебелиот крај го извлекол сопственикот на ресторанот кој во обид да ја смири ситуацијата заработил скршеница на носот.
На повредените им била укажана медицинска помош, а по краткиот престој во локалната болница биле пуштени на домапно лекување.
Неаполската полиција го истражува инцидентот, но се уште никој од хулиганите не е приведен.
Мечот меѓу Наполи и Манчестер Сити заврши со победа на гостинскиот тим со 2:4.