Навивачи без маски втрчаа на терен за време на натпреварот Азербејџан – Португалија и се фотографираа со Фернандеш

Од:

Репрезентацијата на Португалија вечерва го совлада Азербејџан на гости (3:0) во квалификациите за СП 2022 година. Во 87. минута, тројца гледачи истрчаа на теренот и го прегрнаа играчот од средниот ред на гостите, Бруно Фернандеш, а потоа почнаа да се фотографираат со него. Десет секунди подоцна уште еден навивач влезе на теренот и се упати кон првите тројца, се лизна и падна, а потоа стана и исто така учествуваше во фотосесијата.

По неколку секунди, Бруно се обиде да им се оддалечи, но тие продолжија да го опкружуваат фудбалерот, правејќи селфи.

Потоа тројца од нив се вратија на трибините, а еден застана да се фотографира со азербејџански фудбалер.

За цело време на инцидентот, редари не се појавија на теренот. Исто така, треба да се напомни дека двајца навивачи не носеа маски.

Би можело да ве интересира

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силни турбуленции, повредени 10 патници-снимка на летот над Лисабон

Предраг Петровиќ