Натпреварите за Мундијалот во 2022 година можно е да се играат уште во две држави

Од:

Ако Мундијалот во 2022 година сепак биде проширен до 48 репрезентации, Оман и Кувајт, исто така, ќе мора да прифатат натпревари од Светското првенство заедно со домаќинот Катар. За дополнителните 16 репрезентации ќе бидат потребни дополнителни 2 до 4 стадиони, освен осумте што се во Катар.

Светската фудбалска федерација разгледува по три стадиони во Саудиска Арабија и ОАЕ, два во Кувајт и еден во Оман и Бахреин. Компликациите доаѓаат поради тензичните односи на земјите од Заливот со Катар.

ФИФА побара Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да ги укинат санкциите кон Катар и повторно да воспостават дипломатски односи доколку сакаат да учествуваат на турнирот. Оман и Кувајт се најпосакувани опции, бидејќи се во неутрални односи со Катар.

Би можело да ве интересира

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот