Натпревари од 29. коло во ПМФЛ

Од:

Во фудбалскиот шампионат на Македонија денеска и утре ќе се играат средбите од 29.коло. Дербито на колото ќе се игра во Тетово, каде актуелниот освојувач на купот Шкендија ќе го пречека лидерот и актуелен шампион Вардар, во ситуација во која вардарци имаат предност пред тетовската екипа од дури 13 бодови во трката за шампионскиот трофеј.

Натпреварот ќе го суди Александар Ставрев од Скопје, почетокот е закажан за 16 часот, а ќе се игра без присуство на публика, по казната која вчера ја изрече дисциплинската комисија на ФФМ.

Во истиот термин попладнево ќе се играат уште три натпревари: Брегалница – Пелистер, Македонија ЃП – Ренова и Победа – Силекс.

Последниот меч од ова коло на програмата е утре, а во него Работнички ќе биде домаќин на Шкупи.

Табела: Вардар 68 бодови, Шкендија 55, Работнички 47, Пелистер 40, Ренова 38, Силекс 36, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19 и Македонија ЃП 19.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска