Нашите по поразот од Украина: Во вториот дел се покажа вистинската Македонија, можевме барем до бод

Од:

Селекторот Игор Ангеловски ги сподели своите впечатоци по денешниот пораз од Украина во 2. коло на Европското првенство.

– Одигравме меч со две различни полувремиња. Сакавме да влеземе претпазливо, а во второ да бидеме поофанзивни. Во второто полувреме ја видовме вистинската Македонија. Покажавме дека имаме квалитет и дека заслужено сме на Европско првенство. Жалиме поради тоа што не им возвративме на нашите навивачи со позитивен резултат, рече Ангеловски.

Ни престои натпревар со Холандија која е апсолутен фаворит. Сепак, се надевам дека на тој меч ќе успееме да стигнеме до првите бодови на едно Европско првенство, рече селекторот на денешната прес-конференција.

Голманот Столе Димитриевски, кој беше најдобриот поединец во нашиот тим, е разочаран од резултатот.

– Одигравме послабо прво полувреме. Во второто се прикажавме во најдобро издание на ова Европско првенство. Треба да се бориме до крај и да се обидеме да направиме поволен резултат на третиот меч. И во Холандија одиме со цел да се прикажеме во најдобро светло и со можност да освоиме бод или да победиме, рече Димитриевски.

Тој во 84. минута му одбрани пенал на Руслан Малиновски, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот (1:2).

Капитенот на „црвено-жолтите“ Горан Пандев рече дека за добар резултат не се доволни само добри 45 минути.

– Треба да играме цел натпревар како што игравме во второто полувреме. Жал ми е што го изгубивме натпреварот. Се надевав дека можевме барем до бод. Бевме малку во грч. Кога примивме гол, како да се опуштивме и почнавме да играме. Ние на ова ЕП нема што да изгубиме. Ние со самиот пласман направивме нешто големо. Сега треба само да излеземе на терен и да дадеме максимум. Нашите навивачи и денес покажаа дека се со нас и со аплауз не испратија на крајот. Со Холандија да се обидеме од почеток да одиграме како што знаеме, истакна Пандев.

По две кола „црвено-жолтите“ се без бод и само со теоретски шанси за 3. место во Ц-групата и пласман во следната фаза.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска