Наполи му достави ултиматум на Икарди

Од:

Калчолигашот Наполи му достави ултиматум на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, до полноќ да каже дали сака да дојде во Неапол. Претходно неаполитанците му понудија понуда на клубот од Милано во висина од 65 милиони евра, пренесува „Газета дело спорт“.

До крајот на денот, 27-годишниот Аргентинец ќе треба да ја објави својата одлука. Неговата иднина ќе стане јасна во наредните неколку часа.

Минатата сезона Икарди одигра 37 натпревари за Интер, постигна 17 гола и оствари пет асистенции.

Договорот на Икарди со „неро-азурите“ важи до 30 јуни 2021 година.

Порталот „transfermarkt“ го проценува Аргентинецот на 80 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска