Наполи го пушти Елмас, доаѓа утре во Скопје на собирот на фудбалската репрезентација

Од:

Елиф Елмас утре ќе пристигне во Скопје и ќе се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски во пресрет на епската битка со Грузија за пласман на Европското првенство. По долги преговори и убедувања, Наполи сепак дозволи да го ослободи Елмас и да му дозволи да го исполни детскиот сон, но и сонот на сите Македонци, фудбалската репрезентација да биде дел од ЕП.

Дека не беше така лесно и дека Наполи не се шегуваше, јасно е и од одлуката на клубот – Полјакот Пјотр Зиелински, кој исто така беше позитивен на коронавирус како и Елмас, да остане во Неапол и да не се приклучи на полскиот национален тим.

Нацијата може да здивне, Елиф Елмас заедно со Горан Пандев и Илија Несторовски од Италија ќе долета за Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Елмас потпиша за Лајпциг

Горан Наумовски

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски