Наполи го освои Купот на Италија

Од:

Екипата на Наполи е победник на италијанскиот фудбалски куп откако во финалето на Олимпико во Рим ја совлада Фиорентина со 3-1.

Горан Пандев е претплатен за трофеи од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009, двата со Интер во 2010 и 2011, Пандев по втор пат го освојува Купот на Италија со екипата на Наполи.

Финалето на „Олимпико” во Рим кое доцнеше 45 минути заради навивачките нереди пред натпреварот.

Трите погодоци за Наполи беа постигнати од брзи контри. Два пати стрелаше Инсиње, а еднаш Мертенс. Голот за Фиорентина го постигна Варгас во 28-та минута.

Горан Пандев ги одигра последните 20 минути од средбата кога од клупата влезе на местото на Игуаин.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска

Наполи го освои Купот на Италија

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Горан Пандев четврта сезона по ред, со три различни екипи победува на италијанскиот Куп.

Во претходните години Пандев Купот го освои како член на Лацио и на Интер (двапати).

Во финалето кое синоќа се одигра на „Олимпискиот стадион“ во Рим, тимот на Пандев, Наполи го совлада новиот шампион на Серија А, Јувентус со 2:0. Првиот гол Наполи го постигна во 63. минута од пенал, а стрелец беше Единсон Кавани. Иако Пандев во игра влезе во 72.минута на местото на Лавеци сепак со негова помош, Марек Хамшек ги постави конечните 2:0 за Наполи во 83.минута.

За екипата на Наполи ова е четврти куп трофеј, прв по пауза од 25 години.