Намалени паричните награди на УС Опен

Од:

Победниците во машка и женска конкуренција во сингл на претстојниот УС Опен во Њујорк ќе добијат 850.000 долари помалку парични награди во споредба со лани. Ова намалување се должи на пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите на турнирот, пренесува „ESPN“.

Вкупниот награден фонд на американскиот тениски Грен слемот во 2020 година, што ќе се одржи без гледачи од 31 август до 13 септември, ќе биде 53,4 милиони.

Победниците во сингл ќе добијат по три милиони долари.

Американската тениска федерација, исто така, донесе одлука да издвои 7,6 милиони долари за да ги обесштети играчите кои се соочуваат со финансиски проблеми како резултат на тековната криза.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2