Најдобриот играч во историјата на футсалот ја заврши кариерата

Од:

Најдобриот футсалер Фалкао донесе одлука да стави крај на богатата кариера. Легендарниот Бразилец на својот Инстаграм профил ја соопшти оваа вест која сигурно ќе разочара многу љубители на малиот фудбал кои уживаа во мајсториите на Фалкао.

– Поради футсалот често пати го запоставував моето семејство. Сметам дека дојде време да ставам крај на професионалната кариера. Сакам повеќе да се посветам на моите најблиски. Футсалот останува мојата најголема љубов. Во следниот период добро ќе се одморам, порача 41-годишниот Фалкао.

Тој за бразилската репрезентација одигра 258 натпревари и постигна 401 гол.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска