Најбрзиот „Камаро“ на сите времиња ја има ознаката ЗЛ1 и престанува со забрзувањето кога стрелката на брзиномерот ќе застане на бројот 318, тврдат извори во „Шевролет“.
Новиот „Шевролет Камаро ЗЛ1“ има В8 мотор кој располага со 659 коњски сили, а „Шевролет“ тврди дека неговиот автоматски 10-степен менувач од еден во друг степен при преносот оди побрзо од ПДК менувачот на „Порше“, што е одлична вест за купувачите кои за „Камаро ЗЛ1“ сепак нема да одберат рачен шестстепен менувач.
– Со „Камаро ЗЛ1“ не бевме подготвени на какви било компромиси, изјави шефот на инжинеринг тимот на „Шевролрт“, Ал Опенхајзер.
Неговата изјава ја потврдија фабричките тест возачи на „Шевролет“ кои со „Камаро ЗЛ1“ на кружната патека „Папенбург“ во Германија во некои моменти (со ветер во грб) достигнале и до 325 километри на час.
Покрај импресивната максимална брзина ЗЛ1 може да се пофали и со одлично забрзување, бидејќи во комбинацијата со автоматскиот менувач од 0 до 100 километри на час му требаат само 3,5 секунди. За поминување на 402 метри од стоење му требаат 11,4 секунди.
„Шевролет“ моделот „Камаро ЗЛ1“ наскоро ќе го понуди и во кабриолет верзија.
Купе верзијата со рачен менувач во САД чини 63.435 американски долари.