Надал во осминафиналето на Ролан Гарос ќе игра против Корда, кој ја именувал мачката по шпанскиот ас

Од:

Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал се пласираше во четвртото коло на Ролан Гарос. Вториот рекет на светот за 1 час и 37 минути денеска го совлада Стефано Траваља од Италија.

Противник на Надал во осминафиналето ќе биде победникот во квалификациите, Американецот Себастијан Корда. Дваесетгодишниот Американец, кој е син на поранешниот чешки тенисер Петр Корда, во едно интервју изјави дека својата мачка ја именувал по Надал, кој му е голем идол.

Грен слем турнирот, Отвореното првенство на Франција, се игра за награден фонд од 38 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера

Надал: Во наредните денови ќе објавам кога ќе се вратам на теренот

Надал: Нема да освојам повеќе Грен слемови од Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски