Надал со сензационално откритие за легендарен натпревар со Федерер

Од:

19-кратниот освојувач на Гренд Слем титули, Рафаел Надал направи сензационално откритие за легендарното финале на Вимблдон во 2008 година, кога го победи Роџер Федерер по епска битка и го освои трофејот на „светата трева“ за прв пат во својата кариера.

Тој ја прекина серијата од 5 последователни триумфи на Швајцарецот откако победи по 4 часа и 48 минути игра со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 9:7. 34-годишниот Шпанец изјави за „Мовистар +“ дека поради силна болка во нозете морал да игра финале против Федерер под инјекција.

– Никогаш порано не сум разговарал за тоа, но во овој меч играв под инјекција.. И не само во него, туку и на неколку претходни мечеви. Прекинот поради дождот ги искомплицира работите, затоа што инјекцијата функционира некое време, а без тоа не можев. Морав да ми ставаат инјекции затоа што без нив едноставно не можев да издржам. Пред финалето скоро и да не тренирав затоа што не можев да стојам на нозе. Бев многу нервозен поради инјекцијата бидејќи не знаев колку долго ќе функционира, рече Надал, кој има 2 титули на „Вимблдон“.

Би можело да ве интересира

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера

Надал: Во наредните денови ќе објавам кога ќе се вратам на теренот

Надал: Нема да освојам повеќе Грен слемови од Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски