Надал со сензационален пресврт до победа над Медведев

Од:

Рафаел Надал го совлада Данил Медведев со 6:7, 6:3, 7:6, во супер драматичниот меч на тенискиот завршен Мастерс турнир во Лондон.

Русинот испушти огромна шанса за првпат во кариерата да победи против Шпанецот. Медведев водеше со 5:1 во третиот решавачки сет, имаше и меч-топка, но не ја искористи, и психолошки падна, па првопласираниот на АТП листата доби пет гејма едноподруго. Медведев на кратко се врати во ритам, освои гејм и се избори за тај-брејк, но Надал дојде до прваta победа во Лондон.

Победата на Надал е лоша вест за Новак Ѓоковиќ, кој посакува да се врати на врвот на АТП листата, па сега Србинот мора да ги добие сите мечеви до крајот на турнирот ако сака да го заземе тронот.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он