Надал со голем пресврт до полуфинале во Пекинг

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на АТП турнирот во кинескиот главен град Пекинг, со голем пресврт во мечот против Фабио Фоњини (Италија).

Шпанецот победи со 2:1 – по сетови 2:6, 4:6 и 6:1.

Во првиот и во поголемиот дел од вториот сет Италијанецот беше подобар противник. Во првиот сет направи три брејка, а во вториот водеше со 4:1 и шанса за 5:1, но не ја искористи таа топка и тој момент како да беше решавачки за да се случи пресвртот.

Надал ги доби ги доби петте гема во вториот сет, а во решавачкиот на противникот му препушти само еден.

Противник на шпанскиот тенисер во полуфиналето ќе биде Томаш Бердих (Чешка) кој предмалку го победи Џон Изнер од САД со 2:0 – по сетови 7:5 и 6:2.

Попладнево се играат четвртфиналните мечеви Давид Ферер (Шпанија) – Ришар Гаске (Франција) и Новак Ѓоковиќ (Србија) – Сем Квери (САД).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен