Надал се квалификуваше за финалниот турнир на АТП

Од:

Рафаел Надал се рангираше по 15-ти пат во финалниот турнир во АТП. Натпреварот ќе се одржи од 10 до 17 ноември во салата „О2“ во Лондон. Светскиот тенисер број 2 се квалификуваше за престижниот турнир на крајот од сезоната откако победи против Сем Квери во четвртфиналето на „Вимблдон“.

33-годишниот Шпанец ќе се обиде по петти пат (по 2008, 2010, 2013 и 2017 година) во својата кариера да ја заврши годината како број 1 во светот. Надал има 82 титули (18 од нив се од Гренд-слем + 34 „Мастерс“ титули), но никогаш не го освоил трофејот, кој го носи името Бред Друит кој се доделува на шампионот на финалниот турнир на ATП.

Светскиот бр.1 Новак Ѓоковиќ ќе се приклучи на Надал, ако ја одбрани минатогодишната титула на „Вимблдон“. Роџер Федерер во моментов е трет во „ATП трката“ за Лондон, а по него се Доминик Тим, Стефанос Циципас, Кеј Нишикори, Роберто Баутиста Агут и Даниил Медведев.

Би можело да ве интересира

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Надал се повлече од Австралија Опен