Надал против часовникот

Од:

По најавените промени на Гренд слем турнирите се огласи во моментов најдобриот играч во светот, Рафаел Надал. Шпанецот не е најсреќен од воведување часовник што ќе го мери времето за сервирање меѓу два поена.

– Ова не ми се допаѓа. Не е исто да се игра на 40 и 15 степени. Постојат ситуации и услови на кои секој играч се прилагодува на секој турнир и секој натпревар. За такви работи отсекогаш сме имале судија. Мислам дека овој часовник не може да придонесе за одличен натпревар. Се разбира, ако не сакате големи натпревари, тогаш тоа е прилично добра идеја, вели Надал.

За време на мечевите часовник ќе го одбројува времето да не се надминат дозволените 25 секунди за сервис меѓу два поени.

Ќе се мери и дозволеното време од една минута за влез на теренот, пет минути загревање и една минута подготовка за почеток на мечот.

За тенисерите кои нема да се придржуваат до овие времиња ќе следуваат парични казни кои можат да достигнат до 20 илјади долари.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ