Надал објави дека нема да игра на Вимблдон и на Олимпијадата

Од:

20-кратниот освојувач на Грен слем титули, шпанскиот тениски ас Рафаел Надал, објави дека се откажува од учеството на Вимблдон, како и од настапот на Олимписките игри во Токио, објаснувајќи дека збиениот распоред не му дозволувал на неговото тело да закрепне.

„Здраво на сите, одлучив да не учествувам на годинешниот Вимблдон и на Олимписките игри во Токио,“ напиша Шпанецот меѓу другото во серија објави на Твитер.

„Тоа никогаш не е лесна одлука, но откако го послушав моето тело и разговарав со мојот тим, разбирам дека ова е правилната одлука“, напиша Надал.

„Целта а да се продолжи мојата кариера и да продолжам да го правам она што ме радува, а тоа е да се натпреварувам на највисоко ниво и да продолжам да се борам за тие професионални и лични цели на максималното ниво на натпреварување“, вели Надал, кој во моментов е на третото место на АТП-рангирањето, зад Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев.

Би можело да ве интересира

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера