Надал незадоволен од неговиот настап против Федерер

Од:

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал изрази разочарување од неговиот настап против Роџер Федерер, по поразот во полуфиналето на „Вимблдон“ вчера.

Шпанецот загуби со 6-7 (3), 6-1, 3-6, 4-6 и го забележа својот 16-ти пораз од Федерер, кој утре ќе спори со Ѓоковиќ за трофејот на турнирот.

– Искрено, не се чувствував многу добро на теренот. Кога удирав форхенд и особено од бекхенд, не успевав да го отворам теренот, како што беше случај во претходните денови. Мора да го натераш да промаши, затоа што игра од незгодна позиција. Јас не ја погодував топката доволно чисто за тоа да се случи. Затоа бев во ситуација каде што играше во неговата зона на удобност, а тогаш е тешко за сите, изјави Надал по мечот.

Според Надал, Федерер секогаш ги прави „најтешките работи многу лесно“.

– Тој навлегува во теренот побрзо од било кој друг. Постојано го става противникот под притисок затоа што ја зема топката порано од било кој друг. Ова е веројатно најтешката работа и тој го прави тоа многу добро, додаде Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера