Надал не го покани Ѓоковиќ на свадба, но заедно ќе бидат на медениот месец

Од:

Рафаел Надал денеска се ожени со својата долгогодишна девојка Марија, позната под прекарот Чиска, и не го покани својот ривал Новак Ѓоковиќ на свадбата на Мајорка, но за пет дена, тие на хуманитарен дуел ќе играат ден против друг.

Само пет дена по венчавката, Рафа мора да отпатува во далечниот Казахстан, каде ќе одигра еден егзибициски меч против најдобриот на светот. На 4-ти ноември, Надал ќе избие на прво место на АТП листата, Ѓоковиќ ќе падне на второ, но секако тие двајца се најдобрите тенисери на светот во моментов.

Освен тоа што ќе одиграат една партија тенис, Рафа и Новак ќе треба да им држат предавање и часови по тенис на млади талентирани тенисери од Казахстан. Надал во Казахстан последен пат играше во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера

Надал: Во наредните денови ќе објавам кога ќе се вратам на теренот

Надал: Нема да освојам повеќе Грен слемови од Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски