Надал: Многу е убаво да си на врвот

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изрази големо задоволство поради тоа што од понеделник повторно ќе се искачи на првото место на АТП листата, потиснувајќи го Новак Ѓоковиќ на втората позиција.

– Многу е убаво да си на врвот. За ова достигнување работев напорно по опоравувањето од повредта која пола година ме одалечи од терените. Првото место доаѓа како подарок за мене по успешната година, една од најдобрите во мојата кариера, рече Надал кој утре ќе игра на финалниот меч на турнирот во Пекинг.

За Шпанецот тоа ќе биде 13.то финале од враќањето на терените по повредата, а од тогаш има освоено 10 турнири.

Рано утрово Надал обезбеди финале, откако неговиот противник Томаш Бердих (Чешка) го предаде мечот поради повреда.

Противник на Надал ќе му биде победникот од второто полуфинале кое е во тек и во кое Ришар Гаске води против Ѓоковиќ со 3:2 во првиот сет.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен