Надал ја зголеми предноста пред Ѓоковиќ

Од:

Шпанецот Рафаел Надал ја зголеми предноста на 400 бодови пред второ пласираниот Новак Ѓоковиќ на најновата АТП листа објавена денеска.

И покрај тоа што српскиот тенисер го освои турнирот од Мастерс серијата во Шангај, а Надал беше елиминиран во полуфиналето, сепак поради начинот на пресметувањето на бодовите, Шпанецот профитира. Тој лани не играше во Шангај и со пласманот во полуфиналето освои бодови, а Ѓоковиќ го бранеше тронот и не освои ниту еден бод.

Во ТОП 10 на АТП листата на третото место се искачи Давид Ферер (Шпанија), на сметка на Енди Мареј (Велика Британија) кој падна на четвртата позиција.

Од петтото до десеттото место се наоѓаат: Хуан Мартин дел Потро (Аргентина), Томаш Бердих (Чешка), Рожер Федерер (Швајцарија), Жо Вилфред Цонга (Франција), Станислав Вавринка (Словачка) и Ришар Гаске (Франција).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен