Надал го совлада Ѓоковиќ во финалето во Рим

Од:

Шпанецот Рафаел Надал триумфираше вечерва на тенискиот мастерс во Рим совладувајќи го по голема борба во финалето бранителот на трофејот Србинот Новак Ѓоковиќ со 2:1 во сетови.

Надал го освои првиот сет со 7:5, но најдобриот светски тенисер експресно возврати во вториот сет препуштувајќи му на противникот само еден гем.

Шпанскиот тенисер направи брејк на сервис на Ѓоковиќ во третиот сет што го реши во своја корист со 6:3 и стигна до својата десетта титула на терените во „Форо Италико“.

За Ѓоковиќ ова беше негово 11. финале во Рим по кое остана на петте трофеи.

Шпанецот ја намали предноста на Ѓоковиќ во меѓусебните дуели на 29:28, а воедно и се израмни со српскиот тенисер според бројот на освоени мастерси во кариерата – 36.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он