Надал ги откри условите под кои ќе игра во Ролан Гарос

Од:

Вториот на светската ранг-листа Рафаел Надал го сподели своето мислење за моменталната состојба во спортот.

Тој ги откри условите под кои ќе учествува во Ролан Гарос, додавајќи дека без навивачи на трибините не му се допаѓа и тоа му ја одзема енергијата.

– Гледам кон иднината, не размислувам за тенис, туку за медицината и санитарните услови. Јас ќе учествувам во Ролан Гарос, ако сите можеме да се собереме и биде безбедно. Треба да се преземат сите мерки. Можеби ќе мора да играме без гледачи. Ова се практикува во фудбалот, но не сакам да гледам натпревар пред празни трибини. Без навивачите, нема енергија во натпреварувањето, рече Надал.

Потсетуваме дека Ролан Гарос е закажан за крајот на септември, а Шпанецот е рекордер со 12 трофеи.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ