Над 4.000 полицајци ќе го обезбедуваат фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Хрватска

Од:

За безбедноста пред, за време и по фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Хрватска што ќе се одигра вечерва во Белград, ќе се грижат околу 4.000 полицајци од сите профили.

На стадионот и во градот превентивно ќе дежураат и судии за прекршоци, јави Танјуг.

Според полициски претставник, заради натпреварот, ангажирани се и „одреден број градски судии за прекршоци кои ќе дежураат на повеќе локации во градот, а сите оние кои ќе бидат затекнати во прекршок, ќе бидат благовремено процесуирани“.

– На стадионот, освен судија за прекршоци ќе има и обвинител така што на лице место може да се одредат мерки со кои ќе бидат процесуирани евентуални прекршители на редот, изјави Миладин Деспотовиќ, началник на Полициската управа за Белград.

На стадионот ќе има 120 гости од Хрватска кои цело време ќе бидат под надзор и придружба на полицајци. Според полицијата, засега нема навестувања за можни немири.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ