Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Од:

Вкупно 310 млади пливачи учествуваа на Зимското национално првенство во мали базени што се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Национална пливачка федерација.

Оваа манифестација, како што соопшти Националната пливачка федерација, се одржува повеќе од 60 години и им дава можност на младите пливачи да постигнат резултати и да напредуваат во нивните спортски кариери.

Во првенството учествуваа 310 млади пливачи во категоријата од 25 метри, поделени во пет старосни категории 12, 14, 16 и 18 години, од сите активни пливачи во Скопје и Битола. Првенството беше во согласност со мерките и протоколите укажани од Владата за натпревари и тренинзи, со тоа што беше намален бројот на пливачи, беше поделен на неколку делови, а од публика дозволено беше учество само на тренери и службени лица.

– Во текот на целата година пливачките клубови, а и Федерацијата организираа низа на пливачки натпревари и пливачки маратони кои поминаа во најдобар ред со почитување на протоколите за справување со Ковид-19. Пливањето е важна физичка активност, потребна за правилен раст и развој на младите. Би сакал да искажам благодарност кон спортските пливачки работници кои со несебичен труд и волонтерство се посветени да донесат среќа, радост и многу успех кај нашите пливачи од најмала па се до најголема возраст постигнувајќи државни рекорди и многу значајни резултати во нивните прекрасни кариери, изјави Александар Филипчев, претседателот на Федерацијата.

За првенството беше обезбеден најмодерниот уред за електронско мерење на времиња, а од Белград беше изнајмена најсовремена опрема со учество на пливачките клубови – членки на Федерацијата.

Најуспешните пливачи кај мажите, во категорија сениори се Филип Деркоски од П.В.К.Орион, категорија младинци – Андреј Стојановски ПК Нептун, категорија кадети – Андреј Стојановски ПК Нептун, категорија постари пионери – Јован Јанковски П.В.К.Орион и категорија помлади пионери – Димитар Бошнаков ПК Скопје.

Кај жените во категорија сениори – Миа Блажевска Еминова П.В.К.Орион, категорија младинци – Миа Блажевска Еминова П.В.К.Орион, категорија кадетки – Миа Блажевска Еминова П.В.К.Орион, категорија постари пионерки – Софија Дамјанова ПК Октопод и категорија помлади пионерки – Катја Танаскоска ПК Скопје.

– Првенството се одвиваше во супер спортска атмосфера каде се почитуваат фер плејот и сите правила на натпреварот. Би сакал да напоменам дека досега се соборени повеќе државни рекорди, а постигнати се многу резултати кои се најдобри постигнувања кај нашите македонски пливачи. Во една од трките земаа учество и пливачите од Специјалната Олимпијада на Македонија и тоа му даде посебен драж на првенството. Забелешките и коментарите на сите 16 клубови кои земаа учество се позитивни затоа што нашите колеги – спортски работници ја разбираат тежината на организацијата во ваква ситуација, изјави Миро Крстевски, делегат на првенството и претседател на еден од најголемите македонски пливачки клубови – ПК Бета Шаркс Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Босанецот Мехо и зимава ја преплива реката Уна, традицијата е долга над 40 години

Жарко Настоски

Националната пливачка федерација ќе поднесе кривични пријави, ако биде спречена да гласа на утрешното Изборно собрани на МОК

Ана Ололовска

Одложен годинешниот Илинденски мал пливачки маратон во Охрид

Жарко Настоски

Светскиот шампионат во пливање одложен за 2022 година

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пливање на суво: Вежби за одржување на спортскиот дух

Ана Ололовска

Одложено и пливачкото ЕП во Будимпешта

А1он