Над 138 милиони евра потрошени за провизии во Серија А

Од:

Италијанските фудбалски екипи од Серија А потрошиле повеќе од 138 милиони евра на менаџерски провизии во 2020 година, пренесуваат тамошните медиуми.

Фудбалскиот сојуз на Италија објави денеска точниот износ на потрошени пари за провизии на менаџерите изнесува 138.015.594.09 евра и тоа е помалку споредено со претходните години.

Италијанските прволигаши за менаџерски провизии во 2019 година издвоиле 187.7 милиони, а една година претходно 171.5 милиони евра.

Највисоки провизии лани исплатил актуелниот италијански првак Јувентус, 20.8 милиони евра, а следат Рома (19.2), Милан (14.3), Наполи (12) и Интер со девет милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Нов удар по џебот на граѓаните: Банките ги зголемуваат провизиите за подигнување готовина и за кредитни картички

Орце Костов

Пеколните температури би можеле да го одложат почетокот на сезоната во Серија А

Италијаската федерација сè уште не планира да го одложи натпреварот од Суперкупот меѓу Интер и Јувентус

Катерина Ѓуровски

Речиси стопроцентна вакцинираност во италијанската Серија А

А1он

Претседателот на Серија А: Политичарите во Италија го мразат фудбалот, тоа е очигледно

А1он