На Украина нема да и бидат одземени бодови

Од:

Европската фудбалска федерација, потврди дека Жуниор Мораес имал право за настап во украинската репрезентација. Неговата промена на државјанство е признаена како легална, изјави на Фејсбук претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андреј Павелко.

Украина се соочуваше со два службени пораза поради натурализираниот репрезентативец, откако Фудбалската федерација на Португалија и на Луксембург, противниците на украинскиот тим во квалификацискиот турнир за Еуро 2020, се жалеа во УЕФА. Тие тврдеа дека Мораес нема право на настап, бидејќи се прекршени правилата при промена на спортското државјанство.

Според правилата на ФИФА, играчот кој треба да го промени државјанството мора постојано да живее во земјата пет години. Мораес играше за украински клубови од јули 2012 до февруари 2017 година. Во февруари, тој накратко замина во Кина, по што се врати во Украина.

На Украина и се закануваше службен пораз со Португалија (0:0) и со Луксембург (2:1), но УЕФА пресуди во полза на тимот на Андреј Шевченко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година