Младинската машка репрезентација на Македонија (до 20 години) на почетокот на април ќе настапи во квалификациите за Европското првенство 2016, а в.д. селекторот Александар Јовиќ, денеска го објави списокот од 28 ракометари кои ги повика на првиот собир на 20 март.
На првата прозивка на Јовиќ недела (20 март) која ќе биде во спортска сала „Автокоманда’’ треба да се јават следниве ракометари:
Кизиќ Никола – Вардар јуниор,
Томовски Мартин – Металург,
Даниловски Никола – Пелистер,
Велковски Мартин – Металург,
Палевски Давор – Металург,
Јаневски Јане – Прилеп,
Димитриоски Димитар – Металург 2
Јагуриновски Томислав – Металург,
Шилегов Мице – Металург 2,
Блажевски Бојан – Металург 2,
Давитковски Кристијан – Вардар јуниор,
Кузмановски Филип – Металург,
Крстевски Гран – Металург,
Танкоски Марио – Металург 2,
Нелоски Марко – Металург,
Талески Филип – Металург,
Арсеновски Филип – Металург,
Бишковски Мартин – Металург 2,
Лазаревски Милан – Металург 2,
Алушовски Дарио – Работнички,
Лефковски Марио – Пролет,
Огњановски Марко – Преплет,
Шулевски Петар – Металург 2,
Ончев Тоше – Вардар јуниор,
Гроздановски Виктор – Металург 2,
Трпчевски Стефан – Вардар јуниор,
Димовски Александар – Вардар јуниор и
Маркулов Андреј – Пелистер.
Квалификацискиот турнир за Европското првенство ќе се игра во периодот од 8. до 10 април, а домаќин на турнирот е Швајцарија. Нашата репрезентација, покрај со домаќинот, во квалификациската група ќе се сретне уште со Фарски Острови и Црна Гора. Сите натпревари ќе се одиграат во Шафхаузен.
Распоред на натпревари:
08.04. (19:30) Македонија – Швајцарија
09.04. (17:00) Македонија – Фарски Острови
10.04. (10:30) Македонија – Црна Гора
Според системот на натпреварување, најдобро пласираните две репрезентации од квалификациската група ќе обезбедат учество на Европското првенство за младинци што ќе се игра во Данска од 28 јули до 7 август 2016 година.