На Барселона не и се допаѓа начинот на кој УЕФА и ФИФА ги делат приходите

Од:

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се состана со главниот тренер Роналд Куман и четворицата капитени на каталонскиот клуб за да ја разјасни позицијата на клубот во Супер лигата на Европа.

Според „Мундо Депортиво“, синоќа Лапорта разговарал со Куман, а утрово со капитените на Барселона. Тој кажал дека Барса мора да ги брани своите интереси при создавањето на Супер лигата. Со оглед на сериозната економска криза што ја доживуваат фудбалските клубови поради пандемијата на коронавирусот, потребно е да се бара начин да се остварат дополнителни приходи. Според Лапорта, клубовите добиваат премалку пари од распределбата на приходите од УЕФА и ФИФА, особено од Лигата на шампионите.

Лапорта одржува контакти со сите страни во оваа ситуација – со клубовите основачи на Супер лигата, со националните фудбалски федерации и со меѓународните фудбалски организации.

Куман и капитените на Барселона изразиле разбирање за ставот на Лапорта и ги прифатија неговите објаснувања.

Барселона е еден од четирите клубови основачи на Супер лигата кои допрва треба да го соопштат повлекувањето од турнирот. Осум тимови веќе го напуштија проектот.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат