МЗТ Скопје се пласираше во финалето на АБА-2!

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се пласираа во финалето на АБА2-лигата, откако вчера го совладаа тимот на Спарс со 84-70 (49-37) и забележаа втора победа во полуфиналната плејоф-серија.

Избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов од самиот старт покажаа исклучителна решителност за победа, а тимската игра и агресивната одбраната беа клучните елементи кои им ја донесоа победата.

Иве Иванов беше најефикасен во тимот од „Јане Сандаски“ со 24 поени, 8 скока и 4 асистенции, Дамјан Стојановски ја заврши средбата со 19 поени, а Лестер Медфорд се истакна со 14 поени и 9 асистенции.

Во битката за влез во елитната јадранска конкуренција, кошаркарите од Аеродром ќе се борат против словенечка Приморска, која го совлада Борац од Чачак со 73:69 на гостински терен и со 2:0 ја затвори серијата.

Финалето на АБА-2 лигата е на 1 април.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

АБА 2: МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер го дознаа распоредот за јануарскиот „балон“

А1он

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он