МЗТ Скопје поуспешен од Работнички во македонската пресметка од АБА 2

Од:

Во последниот натпревар од 8. коло на регионалната кошаркарска АБА 2 лига, тимот на МЗТ Скопје Аеродром го победи работнички со 84:82.

Бојан Крстевски со 19 поени е најефикасниот играч во победничката екипа, Демиер Питс со 20 поени е најпродуктивниот во тимот на Работнички.

По денешниот триумф, аеродромци имаат биланс од пет победи и три порази и се наоѓаат во групата на екипи од 2 – 7. место.

Работнички со две победи и шест порази се наоѓа на 13. позиција.

Во „балонот“ во Сараево, македонските екипи следните средби ќе ги играат в петок. Ривал на МЗТ ќе биде Ловќен, додека Работнички ќе се соочи со Сутјеска.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

ТФТ со пораз од Горица ги загуби шансите за плејоф во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…