Мустафи одби да потпише нов договор со Арсенал

Од:

Шкодран Мустафи одби да потпише нов договор со Арсенал и го извести клубот дека сака да си замине по крајот на сезоната, кога истекува неговиот сегашен договор.

Лацио и Наполи се заинтересирани за 28-годишниот Германец, кој во јануари ќе има право да потпише преддоговор со друг клуб и да замине како слободен играч налето.

Од друга страна, Арсенал мора да одлучи дали ќе се обиде да го продаде Мустафи уште во јануари, за да може сепак да добие нешто за него.

Германецот одигра значајна улога во изборот на Артета откако Шпанецот стана менаџер на тимот. Сепак, на крајот на минатата сезона, тој се здоби со повреда на препоните што го извади од тимот.

Мустафи се врати во групата на Арсенал за мечот со Рапид (Виена), а вчера дури се појави во игра на местото на Давид Луис, кој доби повреда.

Би можело да ве интересира

Арсенал го потврди и трансферот на холандскиот репрезентативец Јуриен Тимбер

Предраг Петровиќ

Ужасни сцени: Се запали авионот на фудбалерките на Арсенал

(ВИДЕО) Мајсторија: Фудбалерот на Спортинг од центарот постигна гол против Арсенал

Предраг Петровиќ

Чудесен пресврт на Арсенал, победи и Челси

ВАР-судијата „заборавил“ да ги нацрта офсајд-линиите при голот на Брентфорд?

Горан Наумовски

Арсенал се сопна дома против Брентфорд