Мурињо за формата на Ливерпул: Знам што значи да се има среќа

Од:

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо типично во свој стил се пошегува со својот следен ривал во Премиер лигата. Денес, „црвените ѓаволи“ гостуваат на големиот ривал Ливерпул, кој се уште нема пораз оваа сезона на Островот.

Специјалниот сепак изјави дека му е познатото чувството да се има среќа, мислејќи на формата на играчите на Јирген Клоп.

– Тие се на врвот на табелата, се разбира, дека се самоуверени. Го познавам тоа чувство прилично добро – чувството да се има среќа. Знаете како го победија Евертон, знаат дека во последниот натпревар првиот гол беше од офсајд, знаат и дека со Наполи можеа да отпаднат на крајот на натпреварот. Тие имаат чувство кое и јас го почувствував, кога сè одеше според планот, изјави Португалецот.

Дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е на програмата денеска од 17 часот.

Би можело да ве интересира

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени