Мурињо сака да предводи репрезентација, а не клуб

Од:

Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо кажа дека негова амбиција е во следниот период да биде селектор, а не тренер на клуб.

– Мислам на Светски и на Европски првенства. Долго време имам желба да доживеам таква авантура. Токму сега се гледам во национален тим. Не сакам работа во клуб. Дали е португалскиот тим вистински предизвик и место за мене? Незадолжително, изјави Мурињо.

Тој е без работа од декември минатата година кога доби отказ од Манчестер јунајтед.

Претходно „специјалниот“ беше тренер на Челзи, Реал Мадрид, Интер, Порто, Леира и Бенфика.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ