Мурињо: Лампард ги има сите услови да биде успешен менаџер

Од:

Поранешниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека сегашниот ментор на „сините“ Франк Лампард ги има сите предуслови за да биде успешен тренер на Лондон.

Лампард ја започна својата кариера променливо на кормилото на Челзи, освојувајќи само еден од првите пет официјални натпревари, но според Мурињо, резултатите ќе се подобрат со текот на времето.

– Тој има едногодишно искуство од Дерби, каде покажа добри квалитети и сега е во Челзи каде игра за големите трофеи. Тој игра во Лигата на шампионите, играше за Европскиот Суперкуп, тој веќе имал големи и важни натпревари и тоа искуство ќе му помогне. Фудбалот отсекогаш бил дел од неговиот живот. Тој е син на фудбалер. Неговиот чичко е менаџер, тој е самиот топ играч. Мислам дека ги има сите услови да биде успешен менаџер, изјави Мурињо за „Скај спортс“.

Челзи гостува кај Волверхемптон во петтото коло од Премиер лигата денес од 18:30 часот помакедонско време, а во вторник „сините“ ќе ја пречекаат Валенсија во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска