Мурињо: Искреноста на сопствениците на Рома ме освои да прифатам уште една „Невозможна мисија“

Од:

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо ги обелодени денеска причините поради кои се согласи да седне на клупата на Рома, истакнувајќи дека сопствениците на италијанскиот прволигаш кон него биле „искрени и објективни“.

– Штом добив отказ во Тотенхем, веднаш ми се јавија новите сопственици на Рома (Дан и Рајан Фредкин). Во разговорот со нив сфатив дека силно ме посакуваат на клупата на Рома. Тие беа свесни дека нивното доаѓање во Рома е нешто сосема ново во нивните животи, и оти им е потребен некој со големо искуство. Беа искрени и објективни, изјави Мурињо за италијанските медиуми.

Според него, во текот на кариерата правел грешки, бирал погрешни проекти, бидејќи луѓето со кои преговарал биле неискрени.

-Во Манчестер јунајтед дојдов кога клубот беше во процес на транзиција, а потоа го презедов Тотенхем, кој со години немаше вистински успеси. Но, кога е во прашање Рома ми се допадна пристапот на сопственици на клубот и без многу размислување веднаш ја прифатив понудата. Сега ме чека уште една „Невозможна мисија“, бидејќи, кога јас сум во прашање, луѓето мислат дека сум успешен само додека победувам. Но, оваа работа повторно ја разбуди страста во мене, додаде Мурињо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Рома на лето ќе се обиде да го убеди Клоп да го води тимот

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска