Бразилскиот репрезентативец и член на Пари Сен Жермен, Нејмар ги искажа трите желби кои посакува да му се остварат во 2018 година.
Најскапиот фудбалер на светот најави „напад“ на трофеите на СП, ЛШ и приватно на неговата девојка.
– Сакам да го освојам трофејот на Светското првенство, шампионската титула во Лигата на шампионите, а потоа можеби и ќе се оженам, порача Нејмар.
Тој ги демантира шпекулациите за наводно негово незадоволство во ПСЖ.
– Среќен сум во Париз, одлично сум примен во клубот и не е точно дека станува збор за некакво незадоволство кај мене.