Мукаетов реизбран за претседател на Ракометната федерација

Од:

Бизнисменот Живко Мукаетов ќе остане на чело на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) и во следните четири години.

Одлуката е донесена на редовното изборно собрание на РФМ попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на кое Мукаетов, како единствен кандидат, ја доби поддршката од 51 од вкупно 54 делегати.

За првиот човек на фармацевтската компанија „Алкалоид“ ова ќе биде трет четиригодишен мандат во низа, откако Мукаетов застана на чело на РФМ во март 2013 година, на местото на Михајло Михајловски.

– Сакам да се заблагодарам за укажаната доверба и се надевам дека ќе продолжиме по истиот пат за уште подобра сегашност и иднина на македонскиот ракомет, изјави Мукаетов по реизборот на претседателското место во РФМ.

Специјални гости на денешното редовно Изборно собрание на РФМ беа капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров и поранешниот репрезентативец Ацо Јоноски.

Би можело да ве интересира

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024

Мукаетов: „Алкалоид“ во моментов е компанија на над 2.700 семејства

Ракометната федерација на Македонија доби специјален дрес од „СОС Детско село“

Македонската и српската ракометна федерација договараат соработка во младинските категории и стручниот кадар

Ана Ололовска

Одложено ракометното коло поради смртта на Даниловски

Ана Ололовска

РФМ ги исклучи Начевски и Хајредин